Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.
Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во декември и јануари.
Нема доволно обврсци во моментот за задоволување на потребите на граѓаните. Очекуваме поголема пратка да стигне на крајот на овој месец, а во однос на лични карти и возачки дозволи има обрасци. Наредната пратка е кон крајот на јуни или почетокот на јули – рече Тошковски.
Во однос на личните карти рече дека согласно законската регулатива тие важат согласно датумот втиснат на нив без оглед дали го имаат новото или старото име на државата и апелираше граѓаните да не се јавуваат за промена на овие документи за да не се оптоварува системот за јавување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.