Функционерите кои ќе бидат разрешени или ќе поднесат оставка од функцијата пред да им истече мандатот повеќе ќе немаат право на паричен надомест, односно апанажа кој им следуваше во период од три до 12 месеци во зависност од тоа колку време биле на функција.
Уставниот суд денеска едногласно oдлучи да го укине членот 22 од Законот за плати и други надоместоци на избрани и на именувани функционери.
Ова нема да се однесува на неодамна разрешените министри и заменици министри, бидејќи одлуката на Судот е укинувачка, а не поништувачка.
По укинувањето на членот 22 од Законот, кој го оспори адвокатот од Струга Глигорие Ќатовски, таа одредба повеќе нема да биде во правниот поредок.
Уставен суд смета дека таа одредба не е во согласност со владеењето на правото и дека тој член нема уставна оправданост.
Судот го зема предвид фактот дека до остaвка или разрешувањето доаѓа заради некаков вид одговорност поврзана со вршењето на доверената функција. Според судот, оставката или разрешувањето и добивањето на паричниот надомест се неспоиви и затоа е укината оваа одредба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.