Во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“, координаторот на антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју изјави дека не можеле да споделат повеќе детали за тоа зошто струшкиот градоначалник вчера завршил на црната американска листа.

Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денес, изјавил Нефју за Гласот на Америка.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа врз база на кои конкретни докази е донесена оваа одлука, координаторот за антикорупција на СД на САД вели дека станува збор за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки.

И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, додаде Нефју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.