Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини со погрдни зборови им се обраќа на новинари кои го прашуваат дали смета дека има судир на интереси околу тендерите кои ги добива фирмата во негова сопственост, а тој е е советник од ДУИ во општинскиот Совет на Охрид.

Фирмата Нефи ИК, каде Нефи Усеини е сопственик, а неговата сопруга, управител, од последните избори до денес има добиено три тендери со охридските јавни претпијатија, објави „Телма“.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси со тендерите, јас не ги гласам тие тендери. Е.. си мајката, п… ти м….. Немој повеќе да ми звониш, што ти треба да си барате во Општина. Ова да ти е последно што ѕвониш“ – изјави Усеини во телефонскиот разговор за Телма.

Во ноември лани, неговата градежна механизација беше ангажирана во ЈП Нискоградба Охрид за 1 милион и 350 илјади денари.

Во јануари пак, има склучен догвор со Охридски Комуналец за набавка на градежен материјал во вредност од 1 милион денари, а во март добил тендер со Градски гробишта Охрид, тежок 9,5 милиони денари.

Усеини е познат по своите физички пресметки со охриѓани, а Судот неодамна го ослободи од обвинение за напад на едно лице насреде Охрид, со образложение дека не може да се докаже вината.

Охридското обвинителство води постапка и за две дивоградби на бизнисменот Усеини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.