Комисијата за правосуден испит којашто ги испитувала кандидатите за полагање во 2015 година, кога правосуден испит положил синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, нема никаква врска со документите на кандидатите, ниту ги прегледувала, ниту знаеле дали на кандидатот му е одобрено предвремено полагање на правосуден испит, вели во изјава за „Фокус“, поранешната претседателка на Кривичен, а потоа и на Врховен суд, Лидија Неделкова.
Комисијата, односно членовите на истата ги испитуваат кандидатите за да го проверат нивното знаење по предметите кои се полагаат и тоа откако ќе извлечат лист со прашања, а може и дополнително да им се постават прашања. Секој член сам определува дали кандидатот има знаење и дали го положил предметот по кој испитува. Ако кандидатот не положил некој од предметите, се пријавува во следната сесија.
Комисијата нема никаква врска со документите на кандидатите ниту ги прегледува, ниту знае дали на некој му е одобрено предвремено полагање. За тоа е одговорен министерот за правда, а јас лично не се согласувам со предвремено полагање на правосудниот испит.
Се си пишува во Законот. Ниту како член, ниту како претседател на Комисијата не сум имала законско овластување тоа да го променам. Предвременото полагање законски може да се одобри ако кандидатот има целосно завршено соодветен Правен факултет, а како тогашниот министер тоа си толкувал треба него да го прашате, вели Неделкова во изјавата.
Повеќе на „Фокус“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.