Апелирам до владата што побрзо да не повика на преговори, да сфати дека со ваков однос кон вработените кои се од витално значење за државата не се оди никаде, да не повикаат да најдеме заедничко прифатливо решение. Владата што поскоро да го одврзат ќесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и што поскоро да започне наставата, дециден е претседателот на СОНК Јаким Неделков.

За најавениот генерален штрајк во образованието вели дека одговорноста паѓа на владата и ресорните министерства, и тие како синдикат ќе се одградат од својата вина.

-Ќе се оградиме од нашата вина зошто ученците немаат загарантирано право на образование, тоа е затоа што владата не ги исполни нашите барања. Не излезе со некаков предлог. Штрајкот ќе трае додека не се изнајде заедничко решение, а тоа кога ќе биде не знаеме. Досега немаме никаков предлог но нема да прифатиме ниту било каков предлог, рече Неделков.

Тој е дециден дека генералниот штрајк ќе трае до исполнувањето на нивните барања за покачување на платите во образованието.

Денеска Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика испратија соопштенија во кои велат дека образовниот процес мора да тече зошто децата имаат уставно загаранирано право на тоа. Но тој вели немаат никаква одговорност ако дечињата дојдат во градинка или училиште.

-Немаме никаква одговорност ако дојдат ученици или дечиња во градинките. Ние ќе бидеме во посебни простории. Може директорите да ангажираат лица од установите кои не се наши членови, лица кои се со договори и се плашат да не останат без работа па не штрајкуваат, но тоа се, да речеме од 100 максимум 10, или некаде 5 или 15 лица, да не генерализираме, рече Неделков.

Тој очекува уште утре или најдоцна до вторник да започнат преговорите со владата и министерствата.

-Нека го менуваат законот кој го донеле и нека си обезбедат работници, не знам дали има такви луѓе што би ги вработиле за кратко време. Тоа е максимално нефукционален дел од законот кој се користи за притисок. Очекувам уште утре или најдоцна до вторник да започнат преговорите со владата и министерствата. Ќе мора да не викнат, немаше цела недела преговори, не беа во државата дел од владините претставници, сметам дека е крајно несериозно. Ако тие не се повикаат на генералниот штрајк други грански синдикати најавуваат порадикални мерки.

Тој упати и апел до колегите да бидат истрајни во синдикалната борба до остварување на нивните барања за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти.

-Упатувам апел до колегите да бидат истрајни во барањата, тоа е за нив, за нивните семејства, социјални се прашањата, социјалниот статус на дејностите кои ги покриваме, гордно да застанеме, тука сме ние со правните застапници и ќе имаат правна заштита во секој момент, рече Неделков.

-Да не си играат со штрајкувачите. Ќе бидат кривично гонети по член 156 од Кривичниот законик за попречување на правото на штрајк, кој рпедвидува парична казна и казна затвор до една година, рече правната застапничка на СОНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.