Јаким Неделков, претседател на СОНК, во гостување во Студио 10 утрово на ТВ 24 истакна дека има проблеми со штрајкот во детските градинки, а истиот добро функционирал во училиштата.
Штрајкувачите се во просториите за штрајк, и ги не извршуваат работните задачи. Нема да седат 8 часа затворени во просторија, туку онолку колку што е работниот ден. Училиштата добро функционираат по основа на штрајк, проблеми има во дел од детските градинки, се бара од директорите да бидат прифатени децата кои доаѓаат. Во од ќе ги решаваме проблемите. Градинките смеат да примаат деца, ние не ги затвораме установите, задача на директорот е да си го планира и реализира работењето на организацијата. Реагираме на лошиот закон кој треба да се смени, невозможно е во вакви услови да се примаат други работници, кои би се грижеле за децата во градинките и училиштата. Директорите во вакви услови треба да излезат и да им објаснат на родителите кој ќе се грижи на нивните деца – рече Неделков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.