Лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на вработените во образованието им посака успешна нова учебна година.

Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси … Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток!, напиша Неделков на Фејсбук.

Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.