Бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук страницата на Владата на Бугарија сподели текст за 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Петков вели дека Гоце Делчев е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење.

-Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Македонија. Тој е една од личностите кои ги прават горди и двата народа, напиша Петков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.