Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската Унија“.

Од патот Призрен-Тетово, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи, порача Курти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.