Не сме ние албанофоби, само ни е преку глава да го гледаме вашето шовинистичко и националистичко изживување пропратено со постојани закани кон Македонците, му порача Сашо Тасевски на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој повторно обвини за албанофобија во Македонија, откако го прашаа за криминалите на ДУИ.


Бујар да си дадеш оставка одма, македонофобу еден. Ти најде да збориш за албанофобија кај Македонците. Не сме ние албанофоби, само ни е преку глава да го гледаме вашето шовинистичко и националистичко изживување пропратено со постојани закани кон Македонците. Ако не ни дадете ова и ова, ќе ги облечеме пак чизмите од 2001.
А вашето ортачење со Бугарите во нашето негирање како народ, особено не разбеснува. Мислите глупи сме, не го гледаме тоа?
И добро де. Знаеме дека пак ќе ги облечете чизмите набрзо. Оти нема да може вечно да добивате се. Брзо се менува светот денес. И не се менува во ваша корист. Ќе биде поинаку. И вашиот политички татенце ќе ви го сврти грбот кога тогаш. Тој е прагматичен татко. Се има свој крај. Нели?
Со тоа што го кажа, покажа каков шовинист си и негатор на македонството.
Море, првото етничко чистење на Балканот во 20 век е на Македонците во Егејот. Преку триста илјади се избркани по светов. И таму уште има илјадници Македонци кои зборуваат македонски јазик. Оди во Козани, Воден, леринско, да видиш колку добро зборуваат македонски. Како што има стотици илјади во Бугарија кои зборуваат македонски, како што има во Пустец и други места во Албанија.
ЌЕЛАВ побарај му оставка одма.
Иако знам малку си замајан од тоа што не знаеш веќе во кој скут си седнат.
Те клацка кој како стигне.
Таман е тука газдата на Али Експрес, да ве спакува и со фри шипинг да ве шитне негде за три, четири долари ко кинески кондури. И како евтини кинески кондури нема да сака никој да ве купи, му порача Тасевски на Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.