Нема конкретен рок кога Владата ќе му го одземе државјанството на прорускиот олигарх Олександар Онишченко, пренесува „Алсат“. Според премиерот Димитар Ковачевски, истрагата ќе треба да докаже во кои ситуации Онишченко го прекршил членот 14 од Законот за државјанство. На затворената седница на Владата, директорот на АНБ ја објаснил целата процедура, но бидејќи средбата била од затворен карактер, информацијата не може да се сподели со јавноста.

Премиерот ја повика собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање да се вратат на работа, а МВР да истражи како се случи затвореното излагање на Димовски во Комисијата да се пренесува во живо на Јутјуб.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.