Идниот премиер, Христијан Мицкоски, ќе го почитува правниот поредок на Република Македонија и нејзиниот Устав. Но, исто така, ќе пружа несебична поддршка на националниот идентитет и гордоста на македонскиот народ. Ова е заклучокот од вчерашното интервју за Сител, во кое Мицкоски рече дека заклетвата ќе ја даде во согласност со уставното име на Република Македонија. За него е особено важно носителите на извршната власт да им служат како пример на граѓаните во почитувањето на Уставот и законите.

Тој додаде дека во секојдневната употреба ќе го користи името „Македонија“, потврдувајќи го својот став за заштита на националниот идентитет.

Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние самите да ги кршиме,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.

Мицкоски дополнително објасни дека е исклучително важно граѓаните да не се доведуваат во заблуда за уставното име на државата.

Се знае кое е уставното име, тоа е со придавката, рече Мицкоски.

На новата влада најмалку што и треба е да влезе во конфликт со меѓународната заедница, со ситуација кога власта во заминување остава еден отворен спор со Бугарија и еден полуотворен со Грција. Фокусот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат реформите.

Државата, како и да ја нарекуваме е девастирана речиси во сите области и нема да го имаат комфорот од сто дена. Со работа треба да се почне веднаш, а не да си создаваме проблем за проблем кој друг го создаде.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.