Не може во медицината да делите потребен кадар по јазик. Кадарот се вработува според потреба на болниците, реагира Гордана Бешлиовска од Унијата за здруженија на медицински сестри, техничари и акушери. Таа реагира на конкурсот на средното медицински училиште „д-р Панче Караѓозов“ каде за упис за во училиштето нема паралелка за акушерки на македонски јазик, објави Канал 5.

За Бешлиовска двата смера воопшто немаат сличност, и не може медицинските сестри да конкурираат за оглас за акушерки.
Бешлиовска објаснува дека сестрите во образованието точно добиваат каков профил на сестра ќе иде. Не може медицина да се меша со националност медицинската сестра се едуцира со цел да има подобро образование во дејноста која ќе ја врши. Од здружението ќе реагираат до институциите кои носат одлука.

Маја Салиу директорка на средното училиште „д-р Панче Караѓозов“ за Канал 5 пред два дена објасни дека за уписот за средното училиште се зголемила една паралелка на Македонски јазик кај медицинските сестри, а кај смерот за акушерки е само на Албански јазик.
Салиу објасни дека нема разлика во двата смера и дека нема дискриминација за ниту еден нов ученик во ова училиште.

Извор: Канал 5



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.