Претседателот на струшкиот огранок на Алијанса за Албанците Лулзим Насуфи објави фотографии кои сведочат за катастрофалната состојба во која се наоѓа болницата во Струга и потсети на негрижата на раководството на ДУИ кои во изминатите 20 години од разни позиции: министри за здравство, градоначалници, пратеници, директори на болницата и слично, не презеле ништо за оваа здравствена установа.

-Секаде во светот граѓаните бараат помош во болниците, додека кај нас лекарите бараат помош бидејќи не можат да се справат со условите во кои работат.  На прв поглед изгледа чудно но, кога ќе се сетиш на партијата која е на власт веќе 20 години и на општата општествена состојба кај нас, сфаќаш дека ни здравството (болниците) не може да се разликуваат од другите области, каде што има тотална деградација во функционирањето на системот, реагира Насуфи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.