Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисија „Топ тема на Ваша страна“ на телевизија Телма, упати порака до Димитар Ковачевски порачувајќи му да престане со инаетот и да се однесува како мачо политичар, бидејќи на тој начин само ја носи државата, како што рече тој во амбис.
Ако продолжат вака да се инаетат мојата порака до нив е ќе бидат трајно одговорни како генерација политичари затоа што практично ја донесоа државата во амбис. Затоа мојот совет и Ковачевски нека не биде мачо политичар, му порача Мицкоски на Ковачевски.
А доколку прашањето е што можеме ние да направиме немаше да ја доведеме државата во ваква состојба во која сега се доведе, но првата мерка која што ќе ја направиме ќе ја намалиме давачката, односно нема да биде рамниот данок 10 проценти, туку 8 проценти, ќе ги зголемиме инспекциите на терен и ќе ја намалиме сивата економија, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.