НАТО Алијансата и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум со фотографии и видеа од македонските војници во заедничките операции, го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Ретвитнете за да се придружите во прославувањето на нашиот сојузник Македонија на Денот на независноста, објавено е на официјалниот профил на НАТО на Твитер, сега преминувана во Х.

Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум, пак, објави видео од активностите на македонските војници со порака „Честит ден на независноста на нашиот сојузник, Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.