Околу 200 припадници на новоформираните сили за реакција на сојузниците (АРФ) ќе бидат распоредени на Западен Балкан од 30 септември до 16 октомври оваа година за да спроведат обука и да обезбедат поддршка на постојните мировни сили на Косово, КФОР.

Ова е првпат АРФ да биде распоредена некаде од нејзиното формирање во јули 2024 година. Воен контингент на Оперативниот тим за врски и извидување на АРФ (ОЛРТ) од околу 50 членови ќе биде во Косово, додека околу 150 ќе бидат испратени во Македонија.

Членовите на АРФ ќе спроведат обука за одржување на високо ниво на подготвеност и за тестирање на нивните вештини и процедури за брзо распоредување на големи сили.

Дел од штабот на АРФ ќе биде привремено интегриран во командните и контролните структури на мисијата на КФОР, со задача да ги идентификува логистичките, инфраструктурните и оперативните барања за поддршка, со цел значително да се зајакне позицијата на КФОР.

АРФ е стратешка сила со висока готовност, што може да се активира за многу кратко време, со поддршка од други сили со цел да се одврати непријателот во различни ситуации.

Ова распоредување на АРФ, заедно со тековното распоредување на стратешките резервни сили (СРФ) на Косово, кое беше најавено претходно овој месец, испраќа јасна порака за решителноста и посветеноста на НАТО за одржување на мирот и стабилноста во регионот, се вели во соопштението од КФОР.


Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.