Наставници, ученици и родители/старатели преку пополнување прашалник треба да го дадат своето лично мислење дали сакаат летен распуст во наредната учебна година, 2024/2025 година.
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година и за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст.
Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а истиот е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење, велат од МОН.
Со организација на пролетен распуст, наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку пак се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.
Првпат летниот распуст во училиштата беше воведен во учебната 2023/2024 година, и за основните училишта учебната година заврши на 17 јуни, а за средните на 10 јуни. Пролетниот распуст беше од 29 април до 6 мај. Но, поради изборниот процес, учениците изгубија уште два дена, 7 и 8 мај не беа на училиште, или беа со скратени часови. Во следните денови тие требаше да ги надоместат изгубените часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.