Алијансата за Албанците во сабота ќе го одржи партиското Собрание во Скопје, на кое ќе биде констатирана оставката на Зиадин Села.

На ова Собрание ќе се разгледува оставката на претседателот Села и ќе се одлучува за следните чекори, рече Наим Бајрами, портпарол на АА.

Во Собранието ќе се расправа и за оставката на пратеничката Илире Даути од функцијата координатор на пратеничката група.

Села на 20 август поднесе оставка од функцијата прв човек на АА поради лошиот резултат на изборите за Советот на општина Тетово. Последен пат на функцијата прв човек на АА, Села беше избран на Конгресот на 27 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.