Општина Чашка традиционалното фрлање на Светиот крст во водите за Богојавление – Водици на 19 јануари, освен во досегашните шест населени ни места: населба Чашка, Извор, Богомила, Согле, Теово и Војница ќе го спроведе уште во две населени места Ореше и Мартолци или во вкупно осум населени места, информира градоначалникот Горан Стојановски.
Светиот чин ќе го извршат свештеници од Епархијата Повардарска, а Општината за најбрзите и најсреќните кои ќе го фатат крстот во осветените води во сите осум населени места веќе обезбеди вредни подароци.
Стојановски појаснува дека традиционалното фрлање на Светиот крст во Општина Чашка за големиот христијански празник Богојавление – Водици на 19 јануари идниот петок оваа година ќе биде извршено во осум населени места,заедно со свештени лица од Повардарската Епархија според следниот редослед, Ореше во 08.30 часот, Богомила во 10.00 часот, Мартолци во 10.00 часот, Согле во 10.30 часот, Теово 11.00 часот, Извор 11.00 часот, населба Чашка 12.00 часот и Војница во 13.30 часот.
Воедно ги информира сите православни верници кои сакаат да влезат во водите по Светиот крст дека треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари да се пријават кај црковните одбори во населените места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.