„Дали името на Демачи е ставено во листата на имиња која ја има одобрено Владата?

Ако не е тогаш преименувањето е ништовно“, потсетува професорката Мирјана Најчевска во врска со „приватната“ посета на Албин Курти на Чаир и преименувањето на улицата „Втора македонска ударна бригада“, по политичарот од Косово, Адем Демачи.

„Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово.

Македонските политички субјекти кои го користат Курти за подигање на сопствениот рејтинг се претставуваат како екстремни националисти кои не можат да бидат дел од изградбата на европска Македонија“ вели професорката Мирјана Најчевска во објава на Фејсбук.

Таа ја прозива „владејачката“ партија:

„А, да ја потсетам СДСМ дека се на власт 7 години и дека секој ден покажуваат дека немаат појма што да прават на таа позиција“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.