Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители, треба да се отпуштат од работа сите судии и сите јавни обвинители, смета професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ја веста дека по Изет Меџити, членот на Советот на јавните обвинители, призна вина и склучи спогодба со обвинителството, по што беше осуден на условна казна, од Обвинителството откриваат дека и врховниот судија Наке Георгиев поднел предлог за спогодба.
Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители. Треба да се отпуштат од работа сите судии и сите јавни обвинители. Тие се легло на криминалот, заштитници и поддржувачи на криминалот. Корупцихата и криминалот во Македонија цветаат затоа штонема судии и јавни обвинители кои имаат интелектуален и морален капацитет да се спротистават. Засрамете се сите вие кои склучувате ваква спогодба и сите вие кои молчите за ова, порачува Најчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.