Најавите за покачување на сумите за партиципација ги разгневија студентите. Повеќе студентски организации излегоа со остри реакции, а некои дури се заканија и со протести. Ректоратот на УКИМ побарал став од факултетите за покачување на партиципациите, но одлука уште нема.

На факултетите на најголемиот државен Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ каде студирањето законски треба да биде бесплатно, се разгледува предлогот за зголемување на партиципацијата. Во моментот студентите плаќаат по 100 евра од семестар, а во приватна квота по 200 евра семестар. Најавите се дека оваа сума ќе се зголеми двојно.

За најголем дел од студентите какво било покачување на партиципациите би било неприфатливо.

извор: Радио Слободна Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.