Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К-15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, соопштуваат од владината прес-служба.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К-15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, порачуваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.