Владата донесе Одлука за обезбедување финансиски средства на ЈП Национална радиодифузија за 2022 година.

Со средствата од оваа одлука националните радио станици ќе се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации.
Ова значи дека делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година,  во вкупен износ од 7.500.000,00 денари, со средства од Буџетот на Владата на Република Македонија, предвидени во делот на антикризните мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.