100 дена посветени за тебе, 100 дена посветени на безбедноста на граѓаните. Заедно градиме побезбедно утре, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски споделувајќи го сработеното на МВР во овие 100 дена Влада:

1. Решавање на проблемите и доближување на услугите до граѓаните.
Начекавме хаос, револтирани граѓани и изгубено достоинство и макотрпна, посветена и организирана работа целосно го решивме проблемот со издавањето на лични документи. Нема повеќе гужви, чекање со часови, чекање на поларни температури.
– Отворивме нови канцеларии на управни служби во Јегуновце и Матејче. Услуги поблиску до граѓаните, продолжуваме секаде каде што е потребно…

2. Унапредување на условите за работа, градиме задоволна и ефикасна полиција
– Целосна реконструкција на Центарот за обука на МВР во вредност од 184.838.711 од буџетот на МВР.
– План за изградба на нови полициски станици во Кисела Вода и Бутел.
– Исплаќање на финансиски средства за хранарина за работа подолга од 3 часа во ноќна смена.
– Промена на колективниот договор, награда за добиено новороденче и за полициските службеници од машки пол, отстранета дискриминација.
– План за набавка на функционални и модерни полициски униформи.
– Отворен нов К9 регионален центар за обука и сертификација поддржан од ОБСЕ

3. Дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција
– „Џастис РБН за родово базирано насилство“, мобилна апликација за зајакнување на капацитетите на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство.
– Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции
– Нов регионален К9 центар за обука и сертификација
Преку соработка до унапредување на капацитетите
– Меморандум за користење на системот безбеден град со над 220 надзорни камери за побезбеден град Кавадарци

4. Зголемено присуство на полицијата – побезбедни граѓани
– Акциски контроли. Засилени проверки на лица и возила, над 6000 прегледи, приведени лица по разни основи 131…
– Акциските и зголемено присуство продолжуваат, полицијата е поблиска до граѓаните.

5. Борба со пожарите 2024
– Пожари: 355 летачки часа и 3400 тони вода
– 10 летачки часа и 7 Потраги и спасувања
– Медицински летови: 15 летачки часа и 2 медицински лета

6. Борба со криминалот во полициските редови
– Нема место за нечесните во полицијата – број на кривични и прекршочни пријави кон полициски службеници кои се огрешиле пред законот и граѓаните.

7. Превенција – заедно со граѓаните до поголема безбедност
– Голем број превентивни активности за едукација на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.