Платите се ниски, а трошоците за живот превисоки! Месечниот буџет не стигнува ниту за подмирување на месечните сметки за струја, телевизија и останати трошоци. Работите што сме ги купувале минатата година се со видливи дупло повисоки цени оваа година. Ние штедиме, но владата не го прави тоа и не ни помага. И во состојба кога молкот не смее да биде опција треба да ги кажеме работите гласно, за да ги промениме. Затоа што премногу е!, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Плаќаме даноци и патарини, а Владата не инвестира во патишта. Нашите пари завршуваат во криминал и корупција. Економската моќ е полоша, народот има помалку пари, додека власта се грижи за своите партиски и бизнис интереси. Затоа што премногу е!
Државните институции постојат за нас, но ние не ја добиваме услугата што ни следува. Целиот наш живот ги почитуваме редот и законите, но тоа не важи и за овие од власта. Се однесуваат недостоинствено наместо да покажат почит кон македонската држава. Наместо квалитет имаме корупција и неефикасност. Врските и протекциите се погласни од професионализмот. Хаосот и безредието ги заменуваат редот и транспарентноста. Тоа не е односот на институциите кон нас, туку вината е на неодговорната власт која раководи со институциите. И во состојба кога молкот не смее да биде опција да ги кажеме работите гласно за да ги промениме, вели Митева и додава:
„Ова се прашањата кои секој еден од вас треба да си ги постави, а за кои со сигурност знаеме дека секој еден човек го знае одговорот. Денес, за разлика од пред една година нашите џебови се попразни, криминалот и корупцијата владеат насекаде, нема перспектива, а народот се чувствува понижен. Прашалници со сите овие прашања ќе бидат доделени до вас. Без разлика колку и да се очекувани одговорите, за разлика од оваа власт, на нас ВМРО-ДПМНЕ ни се исклучително важни вашите ставови и вашиот глас. Гласно за промени на 18 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.