Најголемата владеајчката партија СДСМ му одговори на лидерот на нивниот коалиционен партнер Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети за објавеното водео на „Фејсбук“ од прес-конференции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.
Не гледаме потреба СДСМ да коментира политички маркетинг на било која партија, граѓаните многу добро знаат кои се нашите политики, нашите заложби, вредности, врз основа на тоа на парламентарните изборите ни ја дадоа довербата. Односите со ДУИ се стабилни, нормални, имаме добра соработка, тоа се однесува и на партнерите од парламентарното мнозинство, изјавија од СДСМ за „Слободен печат“.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук објави компилација од прес-конференции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција. Ахмети во натписот пишува дека двете партии на Македонците со години ја користат ДУИ за нивните секојдневни политики.
Со години постојат напори од различни актери да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за остварување на своите цели во секојдневните партиски политики, напиша Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.