На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.
Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти, рече министерот.
На средбата стана збор и за мораториум на одредени специјализации, а предност да се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија, анестезиологија.
Деканот Антовиќ кажа дека се надева оти наскоро ќе се направи промената во законот и дека „конечно ќе ги задржиме најдбрите студенти, прашање што е од национален интерес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.