Повторно нема терапија за онколошки пациенти, а надлежните петта недела со нула преземени мерки по скандалот, алармираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Недостасува фезго и авестин, а дел од пациентите се жалат дека уште од минатата недела немало ни херцептин.

  • Се потврдија информациите за кои Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ алармираше во неколку наврати согласно поплаките на онколошки пациенти кои се обратија и до нас.

  • Министерот Фатмир Меџити и директорката на Онкологија, Клисаровска повторно покажаа дека наместо да обезбедат терапија за сите пациенти, според изјавите на пациентите дополнително се наштетува на нивното здравје по принципот “има па нема “терапија.

  • Повторно потсетуваме на наводите на Државниот завод за ревизија и прашуваме што СЕГА актуелното раководство на Министерството за здравство и Клиника за онкологија преземаат денес по овие наводи кои се актуелни и денес, но очигледни се НУЛА преземени мерки

  • Постои ризик од субјективно и селективно определување на лекови за кои се одобрува условниот буџет, оттука и биолошката терапија не е еднакво достапна за секој пациент

  • Дискриминирачки пристап кон пациентите спротивно на член 8 и член 112 од Закон за здравствена заштита – Начелото на континуираност на здравствена заштита се обезбедува со функционално воспоставен систем на организација на здравствена дејност на сите нивоа на здравствена заштита.

  •  Не се обезбедува, точно и благовремено согледување на приемот и издавањето на биолошката терапија во сметководствената евиденција. Тоа пак, оневозможува благовремено и целосно следење на потрошокот на залихите.

  • Сметководствената и материјалната евиденција на залихите не се усогласени и истите не се потврдени со состојбите по спроведениот попис, велат од Комисијата потенцирајќи дека Клиниката за онкологија е уште еден пример за недомаќинско работење и нула грижа за пациентите како и низа други установи во јавното здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.