Скандалот Диво месо на Клиниката за онкологија на виделина ја извади целата канцер мафија која печалела на грбот на најтешко болните во Македонија.
На Онкологија владеело хаос. Свесно било дозволено да нема ниту софтверски КАТО систем, ниту протоколи, ниту писмена евиденција, се со цел да се случуваат манипулации со скапата терапија. Скапата терапија без усул била набавувана од омилената веледрогерија на власта, без консултации со Фондот за здравство, со што бил трупан огромен долг на клиниката кон добавувачот. Во исто време иако биле потрошени тешки милиони, пациентите се соочувале со недостаток на лекови, терапија и термини за лекување – стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.
Оттаму додаваат дека според сведоштвата на пациенти и медиуми скапите лекови платени со народни пари „исчезнувале“ и завршувале на црниот пазар во државата и странство, а на најтешко болните им бил даван само физиолошки раствор.
Овој грозоморен криминал за кој се зборува две години веќе, обвинителството нема абер да го расчисти. Јовески и Абази, ставени во скутот на власта, од петни жили се обидуваат да го развлечат случајот, да го релативизираат, гневот да го насочат кон сите здравствени работници, а не кон вистинските одговорни и на крај да го прогласат „кабелот за виновен“.
Ваков криминал не било возможно да се случува без знаење и одобрување од страна на раководните структури на институциите и власта. Тоа е причината поради која обвинителството молчи веќе два месеци откако отпочна предистрага која никако да премине во истрага, а уште помалку обвиненија.
Но многу скоро ќе се промени власта и ќе се спроведе темелна и целосна истрага која одговорните ќе ги донесе пред лицето на правдата, но и оние кое ова го дозволувале и го прикривале – велат од ВМРО-ДМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.