Богато е насилното однесување на Беким Незири последниве десетина години.Тој е човек од доверба на Али Ахмети и бил на повеќе раководни фунции. Го паметиме како министер за економија, па директор на Фондот за пензиско и здравствено осигурување.

Незири во 2010 години  беше член на  Управниот одбор на М-НАВ и еден од тројцата директори. И тогаш предизвикал неколку инциденти. Турнал инструктор по скали а полил со вода тогашниот претседател на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски. Снимките од камерите биле веднаш избришани.

Името на Незири, се разбира не по добро, се споменуваше и како директор на Фондот за пензиско за проневера на 19 милиони евра.Тогашната минстерка за труд и социјална Мила Царовска се закани и со кривична пријава но се разбира дека таа никогаш не беше процесуирана.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.