ДОМ не излегува од коалицијата со СДСМ. Лидерката на партијата и пратеничка, Маја Морачанин одлуката за останување во коалицијата ја оправдува со програмските приоритети кои ги имаат за остварување. Според неа, не им се важни функционерските позиции кои ги добиваат како дел од власта. Одлуката е донесена на состанок на Централниот одбор на партијата.

„ДОМ, ниту кога во Владата се водеа преговори со Алтернатива, ниту сега со Алијанса за Албаниците, не условувал со број на функционерски позиции. Впрочем за тоа говори фактот што од 2020 година, по парламентарните избори, ДОМ учествува во Владата, со една заменичка министерка и нема никаква промена по однос на функционерските позиции на ДОМ. За нас од суштинска важност е реализирањето на програмските приоритети, а не која партија колку министерски, заменик министерски и директорски позиции добила“, вели Морачанин за „Макфакс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.