Косовската полицијата, во соработка со македонската, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири, еден од убијците виновни за масакрот кај Смилковско Езеро.
Како што соопштија од МВР, тој e уапсен врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон.
Според информациите добиени од косовската полиција, денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
По масакрот во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбиваше да ги екстрадитира во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.