Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија денеска остварија средба со средба со таканаречената Вајмарската група, односно државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.
На средбата се дискутирало за актуелната општествено-политичка состојба во Македонија, особено во врска со пристапувањето на Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.
Денес на гости ни дојдоа три Министри за Европа на Франција, Германија и Полска.
Го споделија нивното гледиште.
Им се заблагодаривме и им кажавме – ДА за членството на Македонија во ЕУ, ама НЕ за уставни измени под Бугарски диктат.
Јасно, директно и достоинствено!, сподели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.