Големиот пожар кој изби попладнево во фабриката за брашно „Жито Битола“ сè уште е активен, а пожарникарските екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат.

Според СВР Битола, засега нема пријава за повредени лица.

На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица, велат од МВР.

Битолчани споделуваат фотографии и видеа, на кои може да се види дека пожарот од кровот се прошири низ поголемиот дел од фабриката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.