Колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“?, прашува револтираната Билјана Младеновска, мајка на три деца од кои две го посетуваат посебното основно училиште за деца попречени во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам.

Секојдневно нѐ вадат од памет со бомбиве по училишта, трчаме да ги зимаме децата.Ама колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“??!! МВР што уште не го нашле „бомбашот” нека проба да ги извади и спреми децата од ова училиште и да се справи со нивната состојба!, реагира таа.


Младеновска со нејзиниот сопруг, познатиот скопски кафеанџија Томче Корнер, во 2015 година ги добија Никола, Зои и Милан.

Вчера закана за поставена експлозивна нaправа пристигна на електронските адреси на 33 основни училишта во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.