Во текот на вчерашниот ден, а во рамките на посетата на Вашингтон, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски оствари две одвоени работни средби, на кои тој ги претстави позициите на ВМРО-ДПМНЕ и македонските државни интереси и на кои се разговараше за прашањата поврзани со заедничката безбедност и подобрување на соработката помеѓу двете земји.

Фокусот на првата средба со членот Конгресот на САД, Бил Паскрел беше ставен на потребата од продлабочување на заемната соработка помеѓу Македонија и САД, со посебен акцент на справувањето со безбедносните предизвици со кои се соочуваат нашите земји.

На втората средба со Директорот за Европа во Меѓународниот републикански институт Пол Мекарти, Муцунски и Мекарти ја потврдија одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ во делот на сите заеднички активности, програми, проекти и директна поддршка кои тие ги преземаат кај нас. Тие заеднички заклучија дека токму овој вид соработка треба да продолжи и во иднина, во насока на реализација на нови проекти.

Овие средби се уште една потврда за активното учество на ВМРО-ДПМНЕ во меѓународните односи, проактивната улога во претставувањето и презентирањето на македонските интереси, како и одржувањето на блиски врски со нашите партнери и пријатели во САД и низ целиот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.