Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денес оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.
На средбата изразив уверување дека остануваме силно посветени на натамошното унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка, пред се како партнери и сојузници во НАТО алијансата. Истакнав дека нашиот интерес е градење добрососедски односи кои се пред се во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот, а во таа насока потенцирав дека остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес, рече министерот Муцунски по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.