Во Министерството за надворешни работи денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи.

Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а Муцунски порачал дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции.

И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата, истакнал Муцунски на средбата.

Претходно, Муцунски му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Аеродром на Дејан Митески, кој ќе биде новиот в.д. градоначалник на Општината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.