Функционери на СДСM кријат имот, а за тоа постојат и докази, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека тие со месеци и години не го пријавиле својот имот во ДКСК.

Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински, сите кадар на СДС немаат поднесено анкетни листови за функциите кои ги извршуваат. Овие 4 функционери се дел од 123 функционери на власта кои кријат имот вреден 30 милиони евра. Муслиу, Јевтиќ и Печински воопшто не доставиле анкетни листови, а дел се на функции и по 5 години. ДКСК и институциите молчат. Груевски, нема ажурирано анкетен лист, иако на позицијата директор на ЈП Македонски шуми е повеќе од 6 месеци. Ова не се системски пропусти, ова е системско криење, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ доставија и фото докази од страницата на ДКСК, од која, како што велат, се гледа како се кријат имоти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.