Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидејќи така нема да се решат проблемите, вели ден од членовите на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“.

Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.