Без никаков сомнеж, не само ВМРО-ДПМНЕ, туку по анкетите кои што ги гледаме во јавноста, сите граѓани не се задоволни од начинот на кој што се движи државата и, де факто, бараат промена на оваа власт, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија, Муцунски истакна дека на дневно ниво од разни релевантни фактори има разни индикатори за лошата состојба во државата, како влошувањето на состојбата во борбата против криминалот и корупцијата, поскапувањата на цените и зголемувањето на инфлацијата кои што граѓаните директно ги чуствуваат пазарејќи намирници за дома и кога на месечно ниво им стига плата со која не успеваат да си ги покријат трошоците.

Секојдневно ние гледаме различни индикатори. Оваа политичка коалиција која е на власт седум години, најави борба против корупцијата и реформа на правосудството, а гледаме дека состојбата постојано се влошува. Денес видовме информации дека стапката на инфлација во Македонија е дупла од европскиот просек и се даваат некои аргументи дека биле системски проблемите, како трговската отвореност на Македонија, како енергетската зависност на Македонија, но има земји и во Европа кои што имаат многу полоши статистики во делот на трговската отвореност и во делот на енергетската независност, но немаат толкав висок степен на инфлација. Што значи, системот на владеење и управување во делот на правосудството и безбедност не функционира, економијата е во катастрофална состојба. Тоа не го потврдува единствено статистиката, која е примарна, туку и тоа што го чуствуваат граѓаните при секое одење во маркет, при секоја пристигната плата, колку се потежок и потежок станува животот, образложи Муцински.

Тој додаде дека низ таа призма, во ВМРО-ДПМНЕ ги гледаат предвремените парламентарни избори, да се излезе, примарно, со една добра економска политика, со тим кој што ќе знае да ја подигне економската економија на соодветно ниво, тим кој што ќе знае вистинки и искрено да води реформи во сите овие сектори во кои што е потребно и тим кој што ќе се бори против корупцијата.

Фактот дека во последната година владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво не сме виделе некој сериозен или голем, или било каков корупциски скандал. Гледаме чесно, транспарентно работење, домаќинско работење од страна на градоначалниците. Додека, секојдневно на медиумите гледаме за разни форми на скандали од тие кои што управуваат со централната власт. Имаме план, имаме стратегија и таа стратегија е во интерес на граѓаните на Македонија и затоа се потребни предвремени парламентарни избори, час поскоро, децидно рече Муцунски.

Без никаков сомнеж, вели Муцински, е потребно окрупнување на опозиција, на опозицискиот фронт со било кој политички субјект со кој веруваме дека ќе можеме да ја движиме Македонија во правилна насико, врз основа на политики, а не на тесни интереси како што оваа влада ДУИ, поддржана од СДСМ, треба да превземаме се што е возможно заеднички, врз основа на принципи, зошто да не и ваков тип на мерки, како што се протести, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните.

Предвидливоста и правната сигурност е на толку ниско ниво, што сите посакуваат заради таквите состојби, што побрзо да имаме предвременни парламентарни избори. Бидејќи веруваат дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од претседателот Христијан Мицкоски, заедно со сите тие опозициски структури кои што постојат во рамките на нашиот политички систем, можат Македонија да ја водат во вистинска насока и да ја европеизираме Македонија на дело, а не само низ празна демагогија да кажуваме дека се отпочнати преговори, а сите знаееме дека не се отпочнати преговори, дека е отпочнат скрининг пред преговори. Значи, дајте вистински да работиме, не само политиката да биде зборување и демагогија, туку политиката да биде прагматично работење во интерес на граѓаните, како што докажавме на локално ниво во последната година дека може да се прави тоа, колкави и да се глобалните и домашните предизвици, посочи Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.