Јас како директор, како и вработените во Управата за финансиска полиција препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во завиност од надлежностите на институцијата, вели во изјава за „Локално“, Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција

Според него, намерата на овие напади е повеќе од очигледна, додвајќи дека во интерес на „излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари“.

Очекуваме ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите НА НАДЗОР И КОНТРОЛА активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција.Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред смислени сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности, подвлекува Муареми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.