Умејр Муамеди, 22-годишен правник од Скопје и учесник на протестите против францускиот предлог низ пример со свој пријател Албанец, објасни зошто и припадниците на албанската заедница во Македонија треба да застанат во одбрана на Македонија заедно со сограѓаните Македонци.

Вчера на мој пријател, кој постојано ми викаше дека ние сме Албанци и не треба да ни е гајле за Македонија, му се слоши и викнавме Брза помош. Арно ама, Брзата помош не дојде ниту од Приштина ниту, пак, од Тирана, туку од „8. септември“ – Скопје.

 

Од вчера и на него му стана јасно за кого треба да се бориме. За Македонија.

 

Се гледаме од 19:00! – порача Муамеди на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.