Вицепремиерот Артан Груби во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ изјави дека етничките Македонци се плашат од Бугарите, од Грците, Албанците и така натаму. На ова реагираше младиот правник и граѓански активист од Скопје, Умејр Муамеди, кој го критикува Груби за искажаните ставови.

Го следам Артан Груби на косовската телевизија РТВ „Дукаѓини“ како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанците итн. од можни територијални поделби и генерално ги претставува Македонците како фобична нација. Триумфалистички го кажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците, но не и калта и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека нему шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски. Груби кажа и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на Албанците, ниту во прилог на Македонците, а на штета на сите), коментира Муамеди.

Тој во објава на Фејсбук напиша и дека Груби за Македонците зборува како да му се непријатели, а не сограѓани. Муамеди вели дека премиерот Димитар Ковачевски по ваквиот настап на неговиот заменик – треба да поднесе оставка.

Во вакви моменти премиерот треба да излезе и да даде оставка, бидејќи кога твојот заменик така се претставува, треба да ти биде срам, а не привилегија дека си премиер. Македонија и официјално нема премиер односно има „британска Кралица“, а де факто премиер е Артан Груби“, коментира Муамеди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.