Во седиштето на владејачката СДСМ во тек е средба на коалициските партнери на која се разговара за евентуално проширување на владината коалиција во контекст на постигнување парламентарно мнозинство за уставни измени.

Пред состанокот претседателката на ДОМ Маја Морачанин изјави дека досега немале никаков разговор, ниту некои конкретни информации, освен ова што беше споделувано во медиумите.

Сакам прво да ги слушнам информациите, што се планира, која е целта на евентуално зголемување на мнозинството, што ќе значи тоа и во однос на програмата и во однос на кадровските решенија, и се разбира она што е важно за ДОМ, ние сакаме да ги наметнеме прашањата и темите коишто се важни за нас да бидат реализирани, изјави Морачанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.