Денес министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, рече дека МОН отвори е-адреса за реакции од јавноста и пријавување грешки во однос на корекциите во учебниците што се во употреба, одговори и дека се примени две забелешки за два учебника за кратенката ДУИ во учебникот по предметот Албански јазик за петто одделение.

Тој рече дека е донесена одлука за корекција од Педагошка служба и е направена исправка во електронската форма на учебникот, а дека ќе се најде начин да се достави дополнителен материјал за корекција на учебниците во печатена форма кои се кај учениците.

За учебникот по предметот Историја и општество за петто одделение, пак, во кој беа увидени неточни податоци, појасни дека забелешките кои стигнале до МОН се доставени до авторите, објавиле повик за рецензенти на кој не се пријавил никој.

Кога авторите ќе ги прифатат или одбијат забелешките, рецензентите треба да проценат и да го видат подобро материјалот. Ако и на вториот оглас за рецензенти ќе нема пријави, ќе побарам од Педагошката служба да ја извести Националната комисија за состојбата со тој учебник и потоа таа ќе донесе одлука според законот што кога нема пријавено рецензенти: дали учебникот може да се повлече и кои се другите законски обврски – рече Шаќири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.