Министерството за образование ги извести директорите на сите средни и основни училишта во Македонија дека годинава ќе се доцни со издавањето на свидетелствата, неофицијално бидејќи државата нема обезбедно хартија и материјали потребни за нивна изработка.

Учениците годинава ќе ги добијат свидетелствата дури пред почетокот на новата учебна година во август. Свидителства во вообичаениот рок ќе им се издаваат само на учениците на кои им се потребни за упис во средно и високо образование или за оние кои имаат итна потреба од други причини.

Училиштата дополнително ќе бидат контактирани и известени за начинот и дистрибувцијата на свидетелства годинава.

Министер за образование е Јетон Шаќири, кадар на ДУИ, кој во рекорден рок од 3 години добил диплома од Економскиот факултет при Државниот универзитетот во Тетово.

Шаќири имал среќа што во тоа време во Македонија и во Министерството за образование имало доволно хартија и за свидетелства и за дипломи, па тој навреме ја добил дипломата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.